Џемперот што германскиот селектор Јоаким Лев го носеше за време на годинешното Светското фудбалско првенство го откупи голема трговска компанија Метро Груп за еден милион евра, а средствата ќе бидат искористени за добротворни цели.


Лев на првиот човек на компанијата лично му го предаде џемперот, што германскиот селектор го купил од продавница за 199 евра. Лев остана запаметен по џемперот што го носеше на натпреварите кога Германија ја победи Аргентина и Англија, но и кога неговата репрезентација изгуби од Шпанија.

“извор Макфакс“
Ohridnews