Еден од најдобрите американски актери Џек Николсон донесе одлука да се пензионира по повеќе од 50 години кариера.
„Џек, без многу помпа, замина во пензија, а причината е едноставна – го губи памтењето. Има 76 години и проблеми со памтењето и повеќе не ги памти речениците што би требало да ги изговори. Неговото памтење не е како порано“, изјави извор близок до глумецот.
Последен филм во кој се појави тројниот Оскаровец беше комедијата “How Do You Know” од 2010 година. Требаше да се појави во филмот „Небраска“ во кој отелотворува лик на стар алкохоличар кој со синот патува во Небраска за да подигне добивка на лотарија, но улогата на крајот му припадна на Брус Дерн.
Џек Николсон кариерата ја започна во 50-сетите години на минатиот век, а прва работа му беше соработката со Вилијам Хана и Џозеф Барбара. Прв филм во кој се појави беше “The Cry Baby Killer” од 1958 година.
Многумина го паметат по улогата во филмот „Лет над кукавичкото гнездо“, за која доби и Оскар. Со истата статуетка се закити и за улогата во филмот „Подобро не може“, како и за споредна улога во филмот „Време на нежност“.
Во кариерата дури 12 пати беше номиниран за оваа престижна награда, осум пати за најдобар глумец и четири пати за најдобра машка споредна улога.
Извор Makfaks