Светската актерска легенда Џек Николсон, по седум години, се чини, е подготвен да се врати на големите екрани во главната улога во американскиот римејк на филмот „Тони Ердман“, гермнаско-австриска драма со елементи на комедија за остарениот професор по клавир и неговиот однос со вработената ќерка Инес, пренесува „Макфакс“.
Американското студио „Paramount Pictures“ ги откупи првата за филмот на германската режисерка Марен Аде, која оваа година е фаворит на 89-то доделување на Оскарите во категоријата најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.
Замислата за римејкот била на Џек Николсон, кој ја изнел пред челниците на „Paramount Pictures“ ои веднаш дале зелено светло за снимање на филмот.
Пензионираниот професор по клавир Виндфирд поради реткото гледање со ќерката, создава свое алтер его кое го именува Тони Ердман. Маскиран во издрпан костум со необична перика и уште поневообичаени заби, Тони упаѓа во деловниот живот на неговата ќерка Инес, преставувајќи се како „life coach“ на незиниот директор и постепено со неа повторно се зближува.
Секако, Николсон во американската верзија ќе ја игра главната машка улога. Но засега не е откриено кој ќе биде носител на главната женска ролја, како ниту режисерот и продуцентот.
Филмската критика од оваа странана Атлантикот веќе предупредува на „несреќната традиција“ на американските верзии на европските хитови, како и овој во кој блескаа Питер Симонишек и Сандра Хилер.
Харизматичниот Џек Николсон,кои досега има снимено повеќе од 60 филмови и е трикратен добитник на Оскар, долгометражен филм нема снимено од 2010 година и од тогаш се смета за пензионер. Во импозантната актерска кариера беше номиниран за 12 Оскари, освои и седум Златни глобуси, вклучително и наградата Сесил Б. Де мил во 1999 година за специјален придонес во филмската уметност.
Освен во култниот филм „Голи во седло“, Николсон оствари антологиски улоги во филмовите „Кинеска четврт“, „Летот над кукавичјето гнездо“, „Сјаење“, „Време на нежност“, „Господин Шмид“ и многу други.
Неговиот партнер од „Голи во седло“, Питер Фонда, неодамна за американските медиуми изјави дека Џек Николсон повеќе нема намера да ѝ се враќа на глумата, бидејќи,како што самиот рекол, сторил сé што може. Меѓутоа, очигледно дека сега чувствува оти има уште да каже.
OhridNews