Американскиот актер Џек Николсон го продал имотот од 28 хектари во Малибу за 4,25 милиони долари. Николсон, кој поседува неколку куќи во Калифорнија, го купил тој имот далечната 1977 година. Од имотот на кој има отмено летувалиште познато како рај за сурферите, има прекрасен поглед на океанот, но и на планините.
Покрај куќата од 200 квадратни метри, на имотот има и тениски терен, базен, извор на топла вода и посебен смештај за гостите. Николсон 12 пати бил номиниран за наградата оскар, кој го освоил три пати за улогите во филмовите „Лет над кукавичкото гнездо“, Добро да не може подобро“ и „Време на нежност“.