Минатиот петок домот на Џек Николсон изгорел до темел. Не се знае од што бил предизвикан пожарот. Актерот наводно веќе фрлил око на својот нов потенцијален дом. Николсон сака да купи луксузен стан кој е во сопственост на поранешна СФРЈ. Станот во Њујорк е со вкупна површина од 215 квадратни метри, и во него се наоѓаат шест соби за спиење и четири тоалети.
Југославија го купила за 100 илјади долари во 1975 година. Во него своевремено престојувале делегациите на Југославила при ОН, а последен пат во него некој престојувал во 1992 година. Николсон наводно понудил 20 милиони долари. Станот толку му се допаднал, што бил нестрплив и сакал членовите на републиките на некогашна СФРЈ што поскоро да се договорат како тој би се вселил во новиот стан. Станот би требало да се продаде оваа седмица, а спогодбата за продажбата да биде потпишана во Сараево.