Холивудскиот актер Џек Никлсон признал дека бил во врска со многу жени и дека од тоа не се срами, но дека му е непријатно да го нарекуваат жиголо. Рекол дека е екстремна личност и кога некој ќе му речел дека е женкар не одрекувал, но животот на жиголото секогаш завршувал лошо и тоа била една од причините поради која не се чувствувал добро околу секс легендите.
Николсон истакнал дека нема повеќе енергија да снима филмови и да посетува забави по снимањата. Во последниве неколку филмови по снимањата веднаш одел во својата соба и буквално не ја напуштал. Повеќе нема енергија за забава по снимањата па така ни за жените кои биле составен дел од тие забави.