Идентитетот на озлогласениот повеќекратен лондонски убиец познат како Џек Мевосек, конечно е откриен: човекот кој кон крајот на XIX век во лондонски Ист Енд убил најмалку пет проститутки и досега не беше откриен, е полскиот имигрант Аарон Космински, тврдат научниците, јавува „Макфакс“.

Напредната ДНК анализа на органско ткиво земено од шал кој ѝ припаѓал на една од масакрираните проститутки покажала дека „Џек Мевосек“ всушност е локалниот полски имигрант Аарон Космински, бербер кој живеел во Вајтчепел и бил еден од шесте главни осомничени уште во првата истрага во случајот кој во 1888 година го потресол Лондон, пренесуваат британските медиуми. 

Шалот ги купил на аукција пред неколку години бизнисменот Расел Едвардс, кој себеси се нарекува „детектив од фотелја“. Му припаѓал на четвртата жртва на Мевосек, Кетрин Идоус, а полицијата го пронашла недалеку од нејзиното измасакрирано тело на местото на убиството. Едвардс шалот му ги испратил на молекуларниот биолог Јари Лоухелаинен од Универзитетот Џон Мур во Ливерпул. Лоихелаинен користејќи и модерните методи на форензичката анализа ја споредил ДНК-та од шалот со оние на потомците и на жртвите и на осомничените, што потврдило дека шалот ѝ припаѓал на Идоус.

Експертот за ДНК анализи Дејвид Мајл го анализирал шалот во потрага за траги од ДНК од сперма. Се покажало дека се совпаѓаат со примерокот од ДНК на потомокот на сестрата на Космински – Матилда, што, според тврдењето на научниците, со стопроцентна сигурност докажува дека токму тој бил убиецот.

Космински во времето на убиствата имал 23 години и живеел со своите двајца браќа и сестрата, само неколку стотини мери подалеку од местото каде што е пронајдена третата жртва, Елизабет Страјд, убиена истата ноќ како и Идоус. Полицијата го сметала за еден од клучните осомничени, но бидејќи немала доволно докази против него, главниот инспектор Доналд Свансон го ставил под полициски надзор сѐ до 1891 година, кога бил затворен во ментална институција каде што останал до неговата смрт во 1919 година.

Лаухелаинен, кој во слободно време работи за Интерпол на сѐ уште нерешените случаи, убеден е дека потрагата, по неговите истражувања кои траеле три години, е завршена. „Сега кога сѐ е готово, возбуден сум и горд со постигнатото, и задоволен што утврдивме, во апсолутна можна мера, дека Аарон Космински е сторителот“, изјави Лоухелаинен за весникот The Mail on Syndas.

Едвард за сево ова истражување ја напиша и книгата „ Naming Jack the Ripper“ во којашто детално е наведено она што, како што тврди – „без сомнение потврдува“ дека Космински бил Џек Мевосек.

Се верува дека Џек Мевосек убил најмалку пет жени во Лондон во текот на 1888 година. Меѓутоа, во текот на следните три години во Вајтчепел се случиле уште неколку слични убиства, кои сепак официјално не се поврзани со Мевосек.

OhridNews
извор:„Макфакс“