Англискиот актер Џејсон Статам ја купил за 11,5 милиони долари куќата на својот колега Бен Стилер во Холивуд. Поранешниот имот на Бен и Кристина Тејлор има десет спални соби и се наоѓа во квартот Холивуд Хилс.
Стилер и неговата сопруга имотот, на кој има и куќа за гости, пред две години го понудиле на продажба за 12,5 милиони долари, но тој се досега не добил нов сопственик. Парот куќата ја купил 1999 година за 1,8 милиони долари.