Убавиците Миранда Кер и Рози Хантингтон-Вајтли се вистински пријателки кои делат се. Рози е веќе четири години во врска со актерот Џејсон Статам, но Миранда и дала еден совет што се однесува за нејзиниот љубовен живот. Извор близок до манекенката открил дека Рози и Џејсон имале многу турбуленции во врската, но супермоделот сега му дала услов, ако не е сериозен и ако не се ожени со неа, ќе го остави. Но, тој ултиматум не бил идеја на Рози, туку на Миранда.

Изворот додал дека парот веќе четири години бил заедно, а Миранда сакала својата другарка да ја види омажена. Сакала само најдобро за неа па затоа ја поттикнувала да го притисне Џејсон. Парот е во врска од 2010 година, а се чини дека се многу вљубени. Џејсон, кој претходно бил во врска со Кели Брук, е 20 години постар од својата девојка и досега никогаш не се женел. Но, можеби тоа наскоро ќе се промени.