Познатиот актер Џејсон Бигз и неговата сопруга Џени Мулен решиле малку да го зачинат сексуалниот живот. Така Џени решила за својот сакан сопруг да изнајми проститутка. По неколку години брак, сексуалниот живот на актерот, познат по улогите во филмовите „Американска пита“ и неговата сопруга, станал многу здодевен, а кој би можел подобро да го зачини од професионалец.
Поубавата половина од парот Џени ја изнајмила проститутката Кеиша, со која парот минал една ноќ во хотел. Како што тоа обично е, фантазијата била многу поубава од реалноста, па така поголемиот дел од ноќта го минале слушајќи ги приказните на дамата за придружба.