Американската актерка Џејн Фонда го продава својот луксузен ранч во американската држава Ново Мексико за 19,5 милиони долари. Имотот, кој Џејн го купила во 2000 година после раскинувањето со Тед Тарнер, поседува куќа во јужњачки стил со шест спални соби и пет тоалети. На имото има и мал депанданс со две соби.
Познатата актерка рекла дека многу нешта се сменале од 2000 година и повеќе немала толку време да престојува на ранчот. Додала дека е време да го предаде на некој друг. Џејн Фонда има 76 години и е филмска, телевизиска и театарска актерка. Филмската кариера ја започнала пред повеќе од 50 години и многу брзо добила два Оскари за главна женска улога.