Меѓу холивудските ѕвезди има и онакви кои по интелегенцијата би можеле да му парираат на Алберт Ајнштајн. Коефициентот на интелегенција на актерот Џејмс Вудс е 180, а го следи режисерот Квентин Тарантино со 160. Иако е доволно интелегентен да се занимава со што сака, Џејмс Вудс ја избрал само глумата, бидејќи тврди дека тоа е она што најмногу го сака. Квентин Тарантино, кој на 16 години го напуштил училиштето, својата интелегенција ја вложил во режирањето.

Актерот Стив Мартин е член на американската МЕНСА и има диплома од филозофски факултет. Автор е на неколку книги има коефициент на интелегенција 142. Со коефициент на интелегенција од 140, пејачката Шакира докажува дека не е само една во низата убавици. Колумбијка зборува дури пет јазици. Иако многумина сметаат дека акционите ѕвезди не се многу интелегентни, Арнолд Шваренегер го докажува спротивното, бидејќи неговиот коефициент изнесува 135.