Познатиот холивудски режисер Џејмс Камерон планира да се пресели на фарма на Нов Зеланд. Тој поднел барање за купување на 1052 хектари земјиште на Нов Зеланд, како таму би се преселил заедно со своето семејство.

Режисерот на култните филмови „Аватар“ и „Титаник“ планира навистина да води своја фарма. Се очекува на островот да се пресели кон крајот на оваа година како би го снимил продолжението на „Аватар“. Земјиштето на кое фрлил око е оддалечено 90 минути со автомобил од градот Велингтон.