Режисерот Џејмс Камерон во Лас Вегас најави дека ќе сними четири продолженија од филмот Аватар, научнофантастична авантура од 2009 година, која оствари заработка од 2,78 млијарди долари, со што стана најисплатлив филм на сите времиња. Режисерот ги израдува сите обожаватели на оваа научнофантастична приказна, велејќи дека второто продолжение ќе се појави во кината во 2018 година. Камерон најави дека следните три продолженија можат да се очекуваат во 2020, 2022 и 2023 година.

 

Режисерот објасни дека додека работел на продолженито на филмот сватил дека обемот на приказната ги надминува границите на еден филм, така да логично било да направи уште три филма. Камерон, кој го режираше и „Титаник“, додава дека секој филм е самостоен, а повторно раскажува многу поголема приказна. На првиот филм Камерон работел повеќе од десет години, од кои четири години траело само снимањето поради новата технологија која ја развил, а која допринесе за подоцнежната реализација и популарност на тродимензионалните накциони спектакли.