Американското списание “Time“, тврди дека Џејмс Камерoн, канадски филмски режисер познат по филмот “Титаник“, во својот нов документарен филм ќе објави откритие кои би можело да го поткопа традиционалното христијанство многу повеќе отколку што тоа успеа да го направи Ден Браун со контроверзниот бестселер “Кодот на Да Винчи“.
Камерон во својот документарец се занимава со гробницата која пред 27 години при копање темели за зграда ја пронајдоа градежни работници во Ерусалим. Во неа биле пронајдени десетина камени саркофази, меѓу кои и еден на кој пишувало Исус син на Јосиф и Јуда, син на Исус.
Професорот Амос Клонер, израелски археолог кој ги водел истражувањата, остатоците не ги поврзал со Исус и неговото семејство, сметајќи дека станува збор за вообичаени имиња на жителите на Пелестина пред две илјади години.
Меѓутоа, Камерoн, кој е продуцент на документарниот филм, како и режисерот Симша Јакобовичи тврдат дека во гробницата се наоѓаат Исус, Марија Магдалена и нивниот син. Своите тврдења тие ги темелат на археолошки сознанија, проучувањето на Библијата, како и на најсовремени методи на ДНК анализа.
Таквото тврдење е во спротивност со традиционалното христијанско верување според кое Исус воскреснал од гробот.
Камерoн и Јакобовичи, своите откритија ќе ги објават на прес конференција денеска, а нивниот филм, кој трае 90 минути, ќе биде прикажан на “Discovery Channel”.
Припадници на Територијалната професионална противпожарна единица Охрид, ќе бидат дел од Републичкиот тим за брз одговор за заштита и спасување од урнатини Нешто за кое ние како единица се залагавм...
На 5-ти април, од 12:00 до 14:00 часот, на плоштадот „Крушевска Република“ (Кај Чинарот), ќе се одржи ЕКО-МАРКЕТ во организација на Младински Центар Охрид На базарот ќе можете да најдете и да прода...
Општина Охрид согласно Програмата за заштита на животната средина и природата за 2025 год за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување- инвертер клима уред за 2025 го...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.