Сценариото на филмот Аватар наводно е засновано на романот „Тихан од Ерг“, кој во 1988-та година го објавил писателот Предраг Урошевиќ. Писателот на медиумите им открил неколку сличности со филмот. Исто како и во филмот, и во романот главниот лик завршува на непозната планета и се заљубува во девојка од друга раса. Во филмот се наоѓа свето дрво, а во романот растение без кое не може да преживее ниту еден жител на планетата.

Според романот во почетокот на деведесеттите години било направено и сценарио за филм, меѓутоа проектот не се реализирал. Урошевиќ слушнал дека сценариото било преведено на англиски јазик и било понудено на странски продуцентски куќи.