Канадскиот режисер и продуцент својот роденден го прославил под вода. Големиот вљубеник во нуркањето, Џејмс Камеруoн во мала подморница нурнал во најдлабокото езеро на светот, Бајкалското Езеро. Подморницата е долга само осум метри, а режисерот со членовите на екипажот поминал неколку часа под површината на езерото кое се наоѓа во Русија.


Езерото е старо 25 милиони години, длабоко е 1637 метри, а во него има околу 1500 растителни и животински видови. Подморницата во која нуркал била користена за снимање на филмот Титаник.