Актерот Џејмс Франко стана колумнист во машкиот магазин “Плејбој“, а неговиот прв текст е интервјуто со српската уметничка Марина Абрамовиќ.Франко(33) ја интервјуирал својата пријателка Марина (65) за изданието јули-август, и во таа прилика разговарале за вселената, магијата, енергијата.
Актерот за Плејбој ќе напише серија од шест текстови во колумна наречена “Франкофајл“. Франко покрај актерството се занимава со други работи, режира претстави и мјузикли, држи предавања за филмот, пишува книги, блог и се занимава со различни видови уметност. Марина Абрамовиќ е светски позната уметничка и добитничка на голем број награди. Родена е во Белград, а живее во Њујорк.