Големо изненадување предизвикала информацијата дека Џејмс Бонд во најновото продолжение “Skyfall” своето препознатливо Мартини ќе го замени со пиво, и тоа Хајнекен. Промената била резултат на партнерството помеѓу холандската компанија и франшизата 007, но обожавателите сепак се навикнати на мартинито. Филмовите за славниот агент, според мислењето на повеќето критичари, веќе долг низ години се забавни реклами испрекинати со сцени на акција, па затоа воопшто не зачудува овој драстичен потег на замена на пијалоците.
Сепак, колку да потсетиме, Шон Конери во филмот „Д-р Но“ открил дека негов омилен пијалок е „Дон Перињон“ од 1953 година. При тоа, Конери во филмовите пиел се, од виски „Хенеси“, преку водка „Столичнаја“, па се до румот „Маунт Геј“. Колку Хајнекен платил за оваа реклама сеуште не е познато.