Компанијата на познатиот готвач Џејми Оливер соопштила дека ќе отвори уште негови италијански ресторани ширум светот. Меѓународните проекти се во различни фази, но веќе било соопштено дека оваа година ќе се отворат објекти во Камбера, Москва и Санкт Петерсбург, Истамбул Сингапур и нов ресторан во Дубаи.

Исто така ќе бидат отворени ресторани во Рио де Жанеиро, Хонг Конг, Шангај, Пекинг, Малезија, Индонезија и Тајланд. Директорот на компанијата Џон Џексон рекол дека во 2013 ќе го продолжат развојот на рестораните на меѓународно ниво, големиот кориснички сервис и асортиманот на вкусни и хранливи оброци кои ги нудат. Во Велика Британија постојат 34 ресторани од оваа компанија.