Популарниот телевизиски „гол готвач“ Џејми Оливер му дава лекции од кулинарство на Бред Пит, чија партнерка Анџелина Џоли нема никаков поим од готвењето. Оливер, кој е познат по промовирањето на здравата кујна од свежи намирници, е чест гостин во семејството на Бред Пит, кое учи како да зготви ручек за бројното семејство со шест деца. Оливер се наоѓал во Лос Анџелес, каде ги снимал своите телевизиски емисии, а Бред го молел да дојде и да им помогне во кујната.
Неименуван извор тврди дека ниту тој ниту Анџелина воопшто не се снаоѓале во кујната и единствено што знаеле да припремат било житарици прелиени со млеко за доручек. Истиот извор рекол дека кога нивниот готвач имал слободен ден, тие со децата завршувале во рестораните на МекДоналдс. Оливер наводно на Бред го научил да припрема здрави хамбургери и пици, а сега се спремал и да зготви голем велигденски оброк.