Светски популарниот готвач Џејми Оливер и неговата сопруга Џулиет Нортон го очекуваат своето петто дете. Сопругата на Оливер би требало да се породи ова лето, поточно во август. Џејми е еден од најпознатите светски готвачи, познат и под прекарот „Гол готвач“, кој го доби по називот на популарната телевизиска серија кулинарски специјалитети „Гол ручек“.
Тој на својот фејсбук профил подели фотографија од својата сопруга во шестиот месец од бременоста, објаснувајќи дека очекуваат девојче. Во јули 2000-та година, се ожени со Џулиет. Парот се запозна во 1993 година, а имаат четири деца, како и петто на пат.