Џејми Фокс демантирал дека е во врска со Кејти Холмс, велејќи дека трачевите за нивната романса му се урнебесно смешни. Актерот објаснил дека танцувале на хуманитарна вечера на која не биле сами и тоа било се што се случило помеѓу нив.
Парот, како што пренесуваат странските медиуми, се гледа од летото, а повеќе пати биле видени заедно на прошетки и во ресторани. Кејти откако се развела од холивудскиот актер Том Круз не била видена со никој, барем не јавно.