Џејкоб и Софија се најпопуларни имиња за децата во САД, покажала листата која ја составила американската служба за социјална заштита. Името Џејкоб е прво на листата најпопуларни имиња за момчиња 14 години по ред.

Потоа следуваат Мејсон, Итан, Ноа и Вилијам. Лијам за прв пат се нашло меѓу првите десет, а Дениел испаднало од листата најпопуларни меѓу првите за прв пат од 1998 година. Софија втора година по ред е најпопуларно име за девојчиња. Следуваат Ема, Изабела, Оливија и Ава.