Со фотографија која ја објавила на својот Инстаграм профил, бијонсе ги воодушевила и разнежнила своите фанови. Пејачката неодамна признала дека не би имала сила да оствари завидна кариера, ниту дека денес би била среќна и исполнета жена, доколку не бил нејзиниот сопруг, кој секогаш и бил неизмерна поддршка и најскрен критичар. Џеј Зи и нејзината ќерка блу Ајви се оние кои и даваат сила да се избори со сите предизвици во кариерата, па таа неретко со своите фанови дели бројни фотографии од својот приватен живот сакајќи на тој начин да му заблагодари на своето семејство.
Овој пат фановите ги израдувала со фотографија која можеби на најдобар начин доловува колку Џеј Зи, Бијонсе и Блу Ајви уживаат во заедничката семејна идила. Раперот на првата фотографија гордо ја крева својата миленичка Блу, додека на втората истото го прави и со својата сопруга. Неодамна раперот признал дека Бијонсе му е се, пријателка, жена и музичка икона. Оној ден кога ја запознал, спознал што е среќа, љубов, поврзаност и тоа настојувал да и го покаже.