Американскиот рапер Џеј Зи потрошил 250 илјади долари само за шампањско во еден хотел во Мајами, каде во неделата го прославил објавувањето на својот нов албум “Watch the Throne”, објавиле американските медиуми.


Славниот рапер исто така дал 50 илјади долари за напојници и оставил уште неколку илјади долари ви италијанскиот ресторан во хотелот во кој била организирана промоцијата на албумот. По вечерата на која јадел шпагети и испил неколку чаши текила, сопругот на пејачката Бијонсе продолжил со прославата во еден ноќен клуб во Мајами.