Откако Бијонсе поделила на својата официјална страница неколку блиски моменти со ќерката, сега и Џеј Зи на својата страница поделил фотографија од својата миленичка. Тој под фотографијата од малата Блу Ајви напишал „ Последен ден од одморот“.

Нејзиното мало лице е сокриено во сенка, а зад неа се простира погледот на морето и палмите. Може да се забележи и нејзината природно виткана коса. Семејството моментално е на одмор на Бахамите, а Бијонсе и Џеј Зи заедно ја минале Новата година настапувајќи во Њујорк и Лас Вегас.