Раперот Џеј Зи се здружил со компанијата Самсунг во објавувањето на својот нов албум, прикажувајќи триминутна реклама за време на НБА финалето, а првите милион корисници на Галакси мобилните телефони ќе можат бесплатно да го симнат неговиот албум. Новиот албум ќе носи наслов “Magna Carta Holy Grail”.

Корисниците на Самсунг Галакси телефоните албумот ќе го добијат на 4 јули, три дена пред официјално да излезе пред публиката. Самсунг е лидер на пазарот за мобилни телефони, а договорот со Џеј Зи е еден пример како компаниите ги користат музичарите да привлечат нови потрошувачи.