Музичката мега ѕвезда Џеј Зи купува остров за три милиони долари на Бахамите бидејќи тој и неговата сопруга Бијонсе „повеќе не можат ниту на плажа“ поради бројните новинари кои ги следат. Еден од најмоќните парови на светот, Џеј Зи и Бијонсе се во брак пет години, и се чини дека нивното заедничко патување на Куба не бил единствениот подарок за годишнината од бракот. Џеј Зи сметал дека на неговото семејство му е потребна мирна и изолирана оаза.

Тој бил спремен да плати три милиони долари за парче земја кое се наоѓа во областа на Северниот Абак на Бахамите, а изгледа дека пример му е Сер Ричард Бренсон кој го купил островот Некер на Британските Девствени Острови. Извор близок на парот рекол дека островот им треба поради мирот, кој конечно би го пронашле покрај неколку членови кои ќе се грижат за имотот, собарки, дадилки и неколку чувари.