Едно момче бара да направи тест за татковство како би докажал дека е син на славниот рапер Џеј Зи. Рамир Сатервејт наводно планира да оди на суд со надеж дека ќе докаже како Џеј Зи е негов татко. Ова 22-годишно момче тврди дека неговата мајка Ванда спиела со раперот пред многу години. Изјави дека нема да сопре се додека правадата не ја истера пред суд.
Има поддршка и од една невладина организација, наведувајќи дека адвокатите на Џеј Зи во соработка со судските работници сокриле важни документи кои одат во прилог на тврдењата на Рамир. Тој наводно веќе со години води судска битка. Додава дека во изминативе години заедно со своето семејство се бори со силни противници. Цело време се обидуваат да ја пронајдат вистината и правадата да ја истераат пред суд. Џеј Зи е во брак со славната пејачка Бијонсе со која ја има ќерката Блу Ајви.