Американскиот артист Џеј Зи и неговата сопруга Бијонсе, според британските медиуми, во недела ќе настапат на церемонијата за завршувањето на Параолимписките игри во Лондон.

Џеј Зи  на оваа церемонија ќе настапи заедно со групата “Coldplay” и Ријана.
Извор близок до артистот изјавил дека Џеј Зи бил воодушевен од резултатите кои ги постигнале параолимпиците и обеќал дека овој концерт ќе биде незаборавен.