После пресметката во лифт со сестрата на Бијонсе, Соланж Ноулс, нови проблеми во рајот на семејството Картер. Ни помалку ни повеќе, се појави вонбрачен син на Џеј Зи. Според пишувањата на странските медиуми, 21-годишниот Рајмир Сатрвајт го тужи Џеј Зи и тврди дека е негов син. Рајмир, кој за чудо е рапер во подем, тврди дека Џеј Зи имал афера со неговата мајка Ванда пред дваесетина години.
Судот го тужел раперот и поради тоа што лажел како би го избегнат тестот за утврдување на татковство. Никој од претставниците на семејството Картер и најплатениот пар на светот, Бијонсе и Џеј Зи, не сакал да ги коментира овие наводи. Што и да се докаже на суд, заедничкиот албум за кој се шпекулира сигурно добро ќе се продава.