Откако нивниот сингл “Suit and Tie” ги воодушевил фановите, двајцата музичари одлучиле да снимат уште еден хит под името “Holy Grail”. Раперот Џеј Зи го објавил текстот на песната која ќе се појави пред публиката на 4 јули, а корисниците на неговата Самсунг аплкација ќе имаат можност да ја слушнат порано.
Песната ќе содржи и некои стихови од хитот на Нирвана “Smells Like Teen Spirit”. Раперот во строфите ќе ја спомене и својата ќерка Блу Ајви, како и Мајкл Џексон и Мајк Тајсон. зи и Тимберлејк ќе одржат заедничка турнеја која ќе трае од 17 јули до 16 август.