Популарниот рапер Џеј Зи го прославил раѓањето на својата ќерка Блу Иви, која неодамна ја добил со Бијонсе, со голема забава во Њујорк. Џеј Зи и Бојонсе смислиле одлично решение како би можеле да го прослават раѓањето на својата ќерка. Така организирале забава за отворањето на својот нов клуб „40/40“ во Њујорк, и повикале бројни пријатели и познати личности на отворањето.

На настанот меѓу останатите присуствувале и Пи Диди, Алиша Кизи Алекс Родригез, а како што подоцна сите изјавиле, забавата била незаборавна. Еден од малубројните обични гости кој успеал да влезе во клубот на отворањето рекол дека безбедноста била за завидно ниво, сите гости биле детално прегледани така да не постоела можност да дојде до некој инцидент.