Познатиот рапер Џеј Зи во интервју за CNN се сложил со изјавата на Барак Обама дека ги поддржува хомосексуалните бракови. На прашањето што мисли дали Обама ќе ги изгуби гласовите поради таквиот став, раперот рекол дека тоа воопшто не е важно. Раперот изјавил дека не станува збор за гласови, туку за луѓе. Било тоа да го чини губење на гласовите, тоа е она што Обама треба да го направи како човек. Додал дека според него тоа што луѓето го прават во своите домови е нивна работа. Заклучил дека тоа не се разликува од дискриминацијата кон афро-американците, бидејќи според него тоа едноставно е дискриминација.
Тој исто така е и организатор на концертот “Budweiser Made In America” кој го најавил за почетокот на септември, а вели дека ќе го покани актуелниот пртседател да учествува на него и да изведе неколку песни. Џеј Зи и самиот ќе настапи на фестивалот, а рекол и дека ќе се обиде да ја наговори својата сопруга Бијонсе и таа да се појави на сцената.