Популарниот рапер Џеј Зи кој е во брак со пејачката Бијонсе, изјавил дека гласините за повторната бременост на неговата сопруга се невистинити. До овие информации дошол водителот на радио програмата “Hot 97” кој испратил честитка до брачниот пар за новата бременост.
Набрзо откако ја примил честитката Џеј Зи го повикал водителот и му објаснил дека пејачката сепак не е бремена. Гласините за бременоста на Бијонсе започнале да се шират откако таа го откажала концертот во Белгија поради посета на лекар.