Баш како и доброто вино, Џенифер Лопез уште еднаш покажала дека со годините е се подобра. Четириесетичетири годишната пејачка и актерка заблескала на насловната страна на британскиот магазин Гламур. Сите се согласуваат дека Џенифер одамна не изгледала толку добро, а на насловната буквално блеска во златен чипкаст фустан од новата пролетно-летна колекција на Долче и Габана. Како притоа да ни порачува дека металик нијансите не се резервирани само за празниците.

Дисциплина и умереност
Џенифер вели дека за нејзината фантастична фигура е “виновна“ екстремната дисциплина, но и умереноста во исхраната. “Не сум склона кон претерување, едноставно тогаш не се чувствувам добро. Некои се во состојба да изедат и цела кутија сладолед, но јас мислам дека после тоа мене би ми било навистина лошо“, изјавила Џенифер.