Познатиот комичар Џеј Лено кој на американскиот канал NBC го води популарното “The Tonight Show” најавил дека наредната пролет ја напушта таа емисија и дека ќе го замени неговиот колега Џими Фалон. Лено ќе ја заврши својата 22 години долга кариера како водител на шоуто на пролет 2014 година, седум месеци пред да истече неговиот официјален договор.

Како што соопштила кабловската мрежа NBC, “The Tonight Show” ќе биде преместено од студиото близу Лос Анџелес во студио во Њујорк каде и започнало во далечната 1954 година. Лено во соопштението во кое му честитал на Фалон, рекол дека се надева дека Џими ќе има среќа како и тој и дека ќе за задржи работата додека не стане старец. Фалон од 1998 година го води шоуто “Saturday Night Live”.