Оскаровецот Џеф Бриџис работи на новиот албум кој ќе биде негов прв кој ќе го снима за некоја голема дискографска куќа. Албумот, која ќе го сними за куќата „ЕМИ“ ќе содржи оригинален материјал направен во соработка со продуцентот, композитор и музичар Ти-Боун Барнет, со кој работел на филмот “Crazy Heart”.
Бриџис за главната улога на пропаднатиот кантри пејач и алкохоличар во споменатиот филм добил Оскар, а Барнет позлатената статуа ја добил за најдобра оригинална песна во истото филмско остварување. Датумот на објавување на албумот не бил соопштен.