Златен џебен часовник кој му припаѓал на бејзбол легендата Џорџ Рут, попознат како Бејб Рут, бил продаден за повеќе од 650 илјади долари на аукција која била одржана во Јужна Калифорнија, пренесуваат светските агенции.

Од аукциската куќа „SCP“ наведуваат дека тој часовник го носел на прославата на 25 години од отварањето на Јенки стадионот во далечната 1948 година. На оваа лицитација повеќе од илјада артикли од светот на спортот биле продадени за 4,5 милиони долари.