Битолчанецот Неџат Хуесин – Џате го напушти ФК Охрид. Не помина ни месец дена откако Хусеин дојде на клупата на Охрид, но не најде заеднички јазик со управата на охридскиот клуб која се менува како на филмска лента, по што одлучи да го напушти охридскиот второлигаш.



Не знам што се случува со ФК Охрид , но јас не ја гледам својата иднина таму – кратко ни одговори Џате.  

Хусеин ги предводеше охриѓани на два натпревари. Против Миравци на гости  (1-1) и против Брегалница дома (0-1). Хусеин е третиот тренер кој се смена на охридкста клупа сезонава. Со Охрид прво шефуваше Димитри Триуфноски , а потоа на полусезоната на клупата седна Гони Мерко. Охрид утре гостува кај Вардар во Неготино.

М.П.