Пејачот Џастин Тимберлејк заработил нешто повеќе од милион долари за настап на десетгодишнината од бракот на еден американски милионер. Пејачот се појавил како изненадување на вечерта и за време на триесетминутниот настап извел акустични верзии на своите хитови.
Џастин рекол дека било лудо. Послужувале скапи и ретки вина, а на секоја маса имало по една танчерка. Освен што добро се забавувал, пејачот заработил и одличен милионски хонорар за кој некои од неговите колеги можат само да сонуваат.