Уметникот Џастин Тимберлејк е одлучен покрај успешната музичка кариера да продолжи да се појавува на филмското платно, јавуваат американските медиуми. Младиот америкаснки пејач овој пат ќе заигра порај Брус Вилис и Кетрин Зита Џонс во филмот “Lay the Favorite, Take the Dog”, адаптација на романот на Бет Рејмер за проневера со парите на спортските кладилници во Лас Вегас.


Тимберлејк ќе го игра Рози, букмејкер од Лонг Ајланд, кој го запознава професионалецот Динк Хајмович (Брус Вилис) и неговата сопруга Тјулип (кетрин Зита Џонс). Снимањата започнуваат во април, а филмот во кината би требало да се појави наредната 2012 година.