Откако било најавено дека ќе се снима нова верзија на „Dirty Dancing“, започнале шпекулациите кој ќе се најде во улогата на Џони Касл, кој во 1987 година го играл Патрик Свејзи. Како што се шпекулира во продуцентските кругови Џастин Тимберлејк би можел да биде идеален кандидат кој достојно би ја одиграл улогата која го прославила Патрик Свејзи.


Што се однесува до неговата конкуренција во игра за улогата се уште и имињата на британскиот танчер Дерек Хоу, кој се прославил во „Танц со ѕвездите“ кога партнерка му била Шерил Кол, а има и многумина кои сметаат дека во оваа улога сјајно би се снашол и младиот пејач Џастин Бибер.