По повеќе од пет години пауза, пејачот и актер Џастин Тимберлејк ќе го издаде новиот албум “The 20/20 Experience” кој во продажба ќе се најде на 19 март. Сеуште не се познати имињата на песните на новиот албум, но Џастин рекол дека снимил околу 20 нумери со Тимбеленд, кој бил продуцент на албумот. Една од песните која ќе се најде на албумот е “Suit & Tie” која веќе стекнала голема популарност и се наоѓала на третото место на официјалните британски топ листи.

Тимберлејк исто така со новиот сингл постигнал нов рекорд на листите во САД, односно во првата седмица од објавувањето, оваа песна на радио станиците била пуштена повеќе од 6000 пати, што е најмногу во историјата на листите на Билборд. Тимберлејк додека паузирал со музиката се занимавал со глума и снимил неколку филмски хитови. Неодамна се оженил со колешката Џесика Бел.