Пејачот и актер Џастин Тимберлејк постигнал нов рекорд на американската топ листа со новиот сингл ‘Suit & Tie’. Нумерата од својата премиера на 14 јануари на американските радија била пуштена повеќе од 6000 пати и го престигнала синглот на Лејди Гага ‘Born This Way’ кој бил пуштен нешто повеќе од 4500 пати во февруари 2011 година. Овој успех и помогнал на нумерата да се најде на 14 место на листата на Билборд кај песните со највисок почеток од машки изведувачи.

Неговата дистрибуциска куќа соопштила дека ‘Suit & Tie’ во првата седмица од појавувањето била симната повеќе од 310 илјади пати, а имала и голема продажба, така да овој сингл лесно би можел да се најде меѓу првите пет нумери на американската Hot 100 листа кога ќе биде објавена подоцна оваа седмица. Тој во неделата се нашол на третото место на официјалната британска топ листа. Песната ја снимил по повеќе од пет години пауза.