Гордиот татко Џастин Тимберлејк на својот Инстаграм профил ја објави првата фотографија од новородениот син Сајлас, во прегратките на мајката Џесика Бил. Џастин и Џесика на 10 април потврдија дека станаа родители, а еве, девет дена подоцна и цел свет го запознаа со своето првенче.

 

Не е слчајно што Сајлас е облечен во дрес на кошаркарската екипа Мемфис Гризлис, бидејќи Џастин најавил дека сите заедно ќе навиваат токму за неговиот најдраг НБА тим. Парот планира синот да го одгледува во Монтана, далеку од Холивуд, како би можел да има нормално детство. Се разбира, цело семејство е пресреќно поради приновата.