Пејачот и актер Џастин Тимберлејк е човекот за кој жените најмногу сонуваат. Освоил најголем број гласови во анкетата на американското списание Стар. Џастин од тронот го симнал минатогодинешниот победник, популарниот холивудски актер Бред Пит.
Позади актерот кој оваа година се нашол на второто место, трет на листата е оскаровецот Џеред Лето, а во топ пет влегле уште и Рајан Гослинг и Хју Џекмен. Најпосакуван ерген е актерот Гослинг, но сепак Тимберлејк е човекот кој повеќе девојки би го одвеле дома на запознавање со родителите.