Американскиот пејач Џастин Тимберлејк ќе настапи на овогодинешното натпреварување песна за Евровизија кое ќе се одржи следниот викенд, пренесуваат светските агенции. Организаторите на натпреварувањето соопштија дека Тимберлејк ќе настапи во сабота во ревијалниот дел на програмата и е ја изведе својата нова песна “Can’t stop the feeling”.
Минатогодинешниот Евросонг го следеја повеќе од 200 милиони гледачи, а на овогодинешното натпреварување во Ериксон Глоуб арената во Стокхолм ќе учествуваат 42 земји, меѓу кои се и Кина, Казахстан, Нов Зеланд и САД. Продицентот Свен Стојанович рече дека Џастин ќе настапи на музичката манифестација, бидејќи автори на неговиот нов сингл се шведските композитори Макс Мартин и Шелбек.