Американскиот музичар Џастин Тимберлејк ќе го игра Нил Богарт, музичкиот продуцент од диско ерата, во филм за неговиот живот. Тимберлејк исто така и ќе го продуцира филмот кој ќе носи наслов “Spinning Gold”.

Сценариото ќе го напише синот на Нил, Тимоти Скот Богарт. Роден во 1943 година во Бруклин, Богарт прво сакал да биде пејач, но подоцна станал енергичен промотер на поп музиката во шеесеттите години на минатиот век.